Денеска (31.08) околу 08.10 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го приведоа С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот КПУ „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство. На автопатот „Пријателство“, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б.Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во КПУ Идризово, но бил ангажиран да работи надвор од затворот. Во возилото како сопатник бил С.А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“. Известен е јавен обвинител и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради утврдување на други лица инволвирани во бегството на С.А. од затворот.
Related Posts
(ВИДЕО) Инвазија на стаорци во Франција, низ улиците во Париз натрупани над 10.000 тони ѓубре
Париз е предупреден за потенцијална инвазија на стаорци како резултат на тековниот штрајк на собирачи на ѓубре, во кој се…
Лефков: Вчерашниот протест чини многу помалку од еден ден крадење на владата на Ковачевски
На денешната прес-конференција, пратеникот Миле Лефков одговараше на новинарско прашање за обвинувањата од страна на власта дека вчерашниот протест во…
Македонец кој живее во Украина: Не ни беше пружена помош за евакуација
Оливер Трајковски, кумановец кој живее и работи во Украина, Доњецка област, во ексклузивно интервју за ТВ Плус раскажува за актуелните…