Земјотрес со јачина од 3,7 степени ја погоди Албанија

0
260

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди јужна Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил во 15 часот и 54 минути, а епицентарот бил во близина на Химара, 14 километри северозападно од градот Ѓирокастер.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

фото: Архива