Во два маркети поместувани термостатите на ладилниците за да се заштеди електрична енергија

Два маркета се пријавени од граѓани во Агенцијата за храна и ветеринарство дека ги поместуваат термостатите на ладилниците за да штедат електрична енергија и поради тоа тие купиле расипана храна. Агенцијата не кажува кои маркети биле контролирани и какви мерки се преземени, но информира дека за наводите добиле информација од граѓани кои се пожалиле.

Дека трговците штедат струја со зголемување на температурата во ладилниците неодамна граѓани реагираа и во редакцијата на Плусинфо, а имало и жалби во Организацијата на потрошувачи. Некои од граѓаните се пожалија дека се сомневаат и дека се затруле од замрзната риба купена во некој од маркетите.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека ладниот синџир на чување на храната го контролираат при секоја редовна или вонредна контрола на трговските капацитети и рестораните.

– При спроведување на редовните и вонредните контроли во маркетите, рестораните и во други малопродажни објекти, инспекторите задолжително спроведуваат контрола на ладниот синџир на складирање на производите во фрижидерите со проверка на температурата во истите, проверка на евиденцијата што ја водат операторите за следење на температурата согласно нивните внатрешни процедури. За сите констатирани неправилности и отстапки се изрекуваат соодветни инспекциски и прекршочни мерки – велат од АХВ.

Од АХВ се свесни дека поради високата цена на електричната енергија, трговските објекти и рестораните се обидуваат да штедат енергија на различен начин и затоа инспекторите имаат задача да ги проверуваат фрижидерите во трговските објекти.

– Со оглед на новонастанатата ситуација со зголемување на цените на електричната енергија и апелите за штедење на потрошувачката на струја на инспекторите им се дадени насоки за контроли на ладниот ланец на складирање на производите и преземање соодветни санкции при констатирање на неправилности – велат од АХВ.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство препорачуваат граѓаните при купување на производи наменети за исхрана да внимаваат на температурниот режим кој е наведен на декларацијата на производот и рокот на употреба на производите, кој е задолжителна информација.

plusinfo.mk