Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, Елена, во Њујорк присуствуваше на прием организиран од првата дама на Турција Емине Ердоган во рамките на промоција на иницијативата “Нула отпад”, соопштија од Кабинетот на премиерот.
Елена Ковачевска, сопругата на премиерот, која го придружува на Генералното собрание на Обединетите нации, за првпат протоколарно се појавува во јавноста. Таа во оваа пригода носеше фустан-креација на македонската дизајнерка Тања Кокев.
Фотографии од приемот се споделени и на инстаграм профилот на Емине Ердоган, која повеќе години ја застапува иницијативата „Нула отпад“.
Иницијативата на Емине Ердоган „Нула отпад“ има за цел да се подигне свеста за потребата од целосно елиминирање на отпадот, заштита на животната средина со цел да се остави свет со чиста животна средина за идните генерации.
На приемот се и сопругите на лидерите на Латвија, Јужна Кореја, Естонија, Литванија и Франција.
vecer.press