Нов силен земјотрес од 6,8 степени го погоди Мексико

0
179

Земјотресот со јачина од 6,8 степени го погоди Мичоакан во Мексико, според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМсЦ). Земјотресот бил 50 милји под површината на Земјата, објави ЕМсЦ. По земјотресот не беше издадено предупредување за цунами, објави американскиот систем за предупредување за цунами.

Според Ројтерс, зградите силно се треселе во главниот град Сиудад де Мексико. Мексико, исто така, беше погодено од разорниот земјотрес претходно оваа недела во понеделникот, при што сеизмолозите таму ја наведуваат неговата големина од 7,7 степени на листата на Рихтер. Епицентарот бил на брегот на Тихиот Океан, во мексиканската сојузна држава Колима, која граничи со Мичоакан, каде што бил епицентарот на денешниот земјотрес.

извор: Ројтерс