Четири украински региони од денеска на референдум за отцеување

Жителите на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), како и на териториите на регионите Херсон и Запорожје во Украина, кои се под руска контрола, од денеска до 27. септември ќе гласаат на референдуми за приклучување кон Русија.

Прашањето за итно одржување на референдумот беше покренато на почетокот на неделава од советите на ДНР и ЛНР, пренесува ТАСС.

Датумите за референдум беа одредени во вторникот, при што локалните парламенти едногласно ги усвоија законите за референдум, додека изборните органи ја одобрија процедурата.

Во вторникот, жителите на регионите Запорожје и Херсон се приклучија на иницијативата, бидејќи локалните проруски јавни организации поднесоа слични барања до нивните власти. Во видео обраќање во средата наутро, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе ја поддржи одлуката донесена за време на референдумот.

Форматот на плебисцитот беше предмет на најжестоките дискусии пред гласањето, јави ТАСС. Поради временски ограничувања и технички проблеми, донесена е одлука да се користат традиционални хартиени гласачки ливчиња и да не се спроведува дигитално гласање.

Личното гласање ќе се одвива исклучиво на 27 септември, додека во другите денови ќе се гласа по заедница и од врата до врата од безбедносни причини, јави ТАСС. Жителите на самопрогласените ДПР и ЛНР ќе се изјаснат дали го поддржуваат пристапувањето на нивните републики во Русија како федерален субјект.

Жителите на Запорожје и Херсон ќе бидат прашани дали се за отцепување на регионот од Украина, создавање независна држава и последователно приклучување на Русија како федерален субјект.

 

vecer.mk