Социјалните мрежи преплавени од коментари по фотографијата која се појави од маркет, на која има фотографиран овчи кашкавал и цената од 1.305 денари за килограм.
Станува збор за кашкавал кој е производ на млекара ,,Галичник”, а цената која е превисока за домашниот стандард. Ова е досега невидено и рекорд постигнат во македонски услови.
Граѓаните коментираат дека поминати се сите граници и дека со македонските плати веќе никој неможе да си го дозволи овој производ.
Но не висока цената само на овој „скапоцен“ кашкавал. Имено цената на литар млеко достигна 90 ден, а јогуртот до 95. Со вака високи цени граѓаните велат страдни се една чаша млеко да се напијат.
фото: Социјални мрежи