Момче ја нападнало својата девојка со остар предмет

Синоќа во 20:40 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип, затоа што околу 16:00 часот на ул.„Пелагонија“ во Шуто Оризари – Скопје со остар предмет ја нападнал неговата 18-годишна љубовна партнерка и ѝ нанел расекотини.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

makoress.mk