Товарен авион предоцна слета на пистата и заврши со клунот во езеро

Товарен авион при слетување рано утринава, по лоши временски услови, предоцна слета на пистата на аеродромот кај францускиот град Монпелје и заврши со клунот во блиското езеро.

Поради несреќата, аеродромот е затворен. Тричлениот екипаж на Boeing 737 не е повреден.

Аеродромот е затворен за сите патнички и товарни летови се додека авионот не се отстрани од езерото.

Истрагата за несреќата е во тек.

фото: Република