Еден холанѓанец контактирал со порталот Total Croatia News и бара помош да го пронајде својот татко Хрват, кој во 1966 година работел како келнер во хотелот Белви во Дубровник. Во писмото испратено до порталот, Холанѓанецот накратко ја објаснил својата животна приказна и се надева дека читателите во Хрватска би можеле да му помогнат да го најде својот татко или дека неговиот татко сам ќе го контактира.
Како што напишал во писмото, неговата мајка била на одмор во Дубровник во 1966 и 1967 година. Првата година отишла во хотелот Белви, а следната година се вратила во Дубровник, но во друг хотел, каде што го сретнала келнерот од Хотелот Белви повторно.
„Тие се забавуваа за време на нејзиниот одмор, па еден и еден, по 9 месеци, станаа тројца. Таа се обиде да дојде до татко ми испраќајќи му писмо до хотелот, но никогаш не доби одговор. Не е јасно дали некогаш ја добил нејзината порака и дали дознал за моето постоење.
Презедов некои активности во минатото за да го пронајдам татко ми. Напишав е-пошта до хотелот, но не добив никаква реакција. Минатиот месец се обидов да стапам во контакт со некој што може да ми помогне.
Се разбира, неговото име е важно. Тоа е малку проблем. Името никогаш не го напишал, па само од мајка ми знам како се изговара: Гојко Смилониќ. Не можев да најдам никој со тоа име, најблиски постоечки имиња се Смиљаниќ или Смиловиќ. Ако е уште жив, треба да има осумдесетти години. Имам матна фотографија од него“, напиша Холанѓанецот.
Тој најави дека на 29 септември ќе дојде во Дубровник каде ќе остане две недели.
index.hr