ТВ21: Бујар Османи предложен да оди „курбан“ за крај на внатрешните кавги во ДУИ

Незадоволниците во ДУИ, кои вчера и писмено се произнесоа наведувајќи го Артан Груби како една од клучните причини што ДУИ губи гласови, истакнувајќи го за пример поразот во Тетово, и предизвикаа сериозна поделба во партијата, вчера добиле понуда – главата на Бујар Османи и нивен човек на негово место за примерје во партијата, наведуваат извори за ТВ 21.

Понудата била испратена преку посредник, министер во Владата, но била одбиена од т.н. Огнена група, чии членови навеле дека проблемот во партијата е Артан Груби и целата министерска свита, а не само Бујар Османи.

На чело на групата незадоволници се Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети, Висат Ганиу и други видни партиски личности.

Членови на ДУИ во соопштение испратено до јавноста обвинуваат дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување, како што велат, станало индивидуално.

Текстот во целост на: ТВ 21.