Галичник – село музеј за кое допрва треба да чуе светот

Галичник — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река. Сместено е на падините на планината Бистра, во центарот на регионот Мијачија. Галичник е туристичка знаменитост поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи.

Како изгледа селото погледнете на ова YouTube видео снимено низ селските сокаци

Се наоѓа на падините на планината Бистра, во срцето на регионот на мијачкиот крај, во пределот Мала Река, на 16 километри до Маврово и Мавровско Езеро и 12 километри до ски-центарот „Заре Лазарески“. Најблиска градска населба до селото е градот Гостивар, од кој е оддалечено 45 километри. Се наоѓа на надморска височина од 1270 до 1500 метри и е опкружен со пасишта.

Како изгледа патот од Маврово до Галичник погледнете во ова YouTube видео:

Познато е по „Галичката свадба“, традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава – Петровден. За време на свадбата, се игра „Тешкото“ оро – што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот.

Во Галичник работи „Хотел Неда“ кој има и ресторан во кој можете да уживате во традиционалните јадења ( Галичко сирење, кашкавал ).

Вака изгледа хотелот Неда снимен за One Media Travel YouTube каналот:

ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД ГАЛИЧНИК НА НАШАТА ФБ СТРАНА TRAVEL NEWS1.MK 

ИСТОРИЈАТА НА ГАЛИЧНИК

Првата варијанта за потеклото на името „Галичник“ вели дека тоа е изведено од името на реката Галик која тече близу до Солун. Втората варијанта вели дека тоа е наречено Галичник по големиот број на „диви кокошки“ – галици, кои живееле на месноста над сегашната црква Св. Петар и Павле, која има јужна диспозиција.

Најстарите сознанија за настанувањето на Галичник датираат од X век и почетокот на XI век. Се смета за едно од најстарите села во мијачкиот предел. Првиот период на селото е карактеризиран со мешање на Влашки семејства со Македонци со словенска култура. Престојувањето на Власите во мијачкиот предел го потврдуваат некои топоними од околината на Галичник, како и презимињата на некои од денешните галички семејства: Куцулоски, Гугулоски, Кипроски.

Вториот период на Галичник е турското владеење. Иако имало обиди за исламизирање на населението, тоа останало христијанско, во голема мера благодарение на предводништвото на Томо Томоски. Томо Томоски е најпознатиот првенец на селото на преминот од XVII кон XVII век. Заради експанзијата на немакедонското население во денешна Албанија, што и било поттикнувано од турската власт, во Галичник од XV до XVIII век постои континуирано доселуваање.

Во XIX век, благодарение на доселувањето, високиот наталитет, но и поволните економски услови за сточарство, Галичник е веќе мал град. Турски патописци зборуваат за Галичник во XVIII и XIX век како битен економски центар, не само за регионот, туку и за империјата. Кон крајот на XIX век, Галичник бил поголем и од Гостивар. Јордан Хаџи Константинов-Џинот во втората половина на XIX век вели дека селото имало 500 куќи. Ако се земе дека во една куќа би живееле во просек 8 луѓе, тогаш бројот на населението би се движел околу 4.000. Галичник во овој период има значително културно влијание во европскиот дел на Османлиското Царство, главно преку своите преродбеници: Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски, Макарија Фрчкоски, Панајот Гиновски и др.

Во XIX век, Галичник било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Куќите во Галичник се означени со табли, по фамилии сопственици. За секоја куќа може да скенирате QR код и да добиете повеќе информацииа
Куќите во Галичник се означени со табли, по фамилии сопственици. За секоја куќа може да скенирате QR код и да добиете повеќе информацииа

Третиот период во историјата на Галичник е од 1912 до денес. Балканските војни делувале негативно на овчарството, затоа што со грчката окупација било оневозможено зимување на овците во Егејска Македонија. Сепак, оваа дејност, почнала да стагнира уште во XIX век. Сè поголем дел од мажите оделе на печалба, каде се специјализирале во разни занаети: млекарство, пекарство, слаткарство итн. Во 30-те години на XX век, галичките печалбари веќе имале насобрано големо богатство, а некои од нив биле и милионери во тогашни американски долари. Пример за вакви успешни стопанственици биле Васе Чоланчески, Софре Лоноски, Аврам Лоноски и Огнен Алаутоски.

Куќата каде бил одржан состанокот на месната комунистичка ќелија. Фото: Wikipedia
Куќата каде бил одржан состанокот на месната комунистичка ќелија. Фото: Wikipedia

Во куќата на Трајан и Ристе Поповски, бил одржан првиот состанок на галичката ќелија на Комунистичката партија на Југославија. Одржувањето било на 20 април 1942 година, во присуство на членот на Покраинскиот комитет на КПЈ, Кузман Јосифовски – Питу.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Галичник живееле 3.300 жители, сите Македонци.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Галичник имало 4.840 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Во почетокот на XX век во Галичник живееле околу 3.300 жители. Во наредните години бројот на населението на селото Галичник ја надминувало и бројката од 4.000 жители. Селото броело 644 жители во 1961 година, додека во 1994 година во селото има само еден жител. Поради силните миграциски процеси кои го зафатиле Галичник, според последниот попис од 2002 година, се забележани само 3 постојани жители, сите Македонци.