Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, утринава потврди дека еден полицаец е убиен додека друг е повреден во терористички напад врз полициска станица во областа Мерсин, јавува Агенција Анадолија (АА).
По нападот во подрачјето на Мезитли, полицијата презеде опсежни безбедносни мерки на местото на настанот.
Видеоснимката од безбедносните камери покажува како две терористики напаѓаат полициска станица користејќи јуриши пушки.
Терористиките, кои се ранети во пукотницата, извршиле самоубиство, детонирајќи експлозив сокриен во ранците откако сфатиле дека не можат да побегнат.
Турскиот министер Сојлу потврди дека станува збор за членки на терористичката организација ПКК.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои жени, деца и доенчиња.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото:Агенција Анадолија (АА).