Ковачевски најави забрана за набавка на морски плодови во Владата

0
270

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната вонредна прес-конференција беше прашан од страна на новинарите и за потрошените 20.000 евра за морски плодови.

„При подготовката на мерките за ранливите категории на граѓани, јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење на морска храна во бифеата, исто така и на бадеми, лешници и.т.н. Ќе има забрана за нивна набавка“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека средствата ќе бидат насочени кон директна финансиска помош на ранливите категории.

фото: Архива