(ВИДЕО) Алфа: „Недопирливата“ ДУИ- 20 години на власт никој ништо не му може на Ахмети

20 години единствени недоперливи. Од војничка униформа во одело и кравата. Али Ахмети досега дочека четири нови претседетали и дури осум нови премиери, а ќе го добие и деветтиот, бидејќи договорено е во последните 100 дена од оваа Влада тој да биде Албанец и избор на ДУИ, објави Алфа.

Се менуваа сите, константа останаa единствено интегративците, партија која се формираше на само три месеци пред парламентарните избори во 2002 година, а освои дури 70 проценти од гласовите кај албанскиот електорат, по што коалицираше со СДСМ тогаш предводена од Бранко Црвенковски.

Тогаш, но и сега, 20 години подоцна за фунционерите на ДУИ како да не важи законот, единствени се за кои во текот на минативе 20 години речиси и да немаше никаква кривична пријава, а да не говориме за одговорност. Еден ретките кои доби пресуда и тоа само условна беше сегашниот прв вицепремиер Артан Груби, кој беше еден од организаторите на инцидентите на скопското Кале во 2011 година. Тогаш младиот активист на ДУИ Груби, важеше за организатор на овој голем мултиетнички инцидент.

Текстот во целост на: Алфа.

видео: Алфа.