Поради кризата со електрична енергија, владите постајано објавуваат апели како да се заштеди електична енергија. Швајцарската министерка за животна средина Симонета Сомаруга, ги повика луѓето да направат сè што е во нивна моќ за да ја намалат потрошувачката на електрична енергија, па така таа потенцираше дека луѓето треба заедно да се тушираат. По оваа изјава таа се коригирала и кажала дека „заедничкото туширање не е соодветно за сите старосни категории“ но, социјлните мрежи се прполни со шеговити коментари.
Оваа изјава, но и коментарите ги потикнаа уредниците на шпанската ТВ емисија „Кватро ал диа“ да покажат како ова би изледало во пракса. Имено новинарот Ману Лахарин говорејќи во живо за мерките за штедење, како и колку вода се троши на едно туширање, се соблече и влезе во туш-кабина со млада русокоса дама.
„Што сè човек мора да прави за да заработи за леб“, изјавил Лахарин при вклучувањето во живо“.
Comenta todo lo que está mal en esta conexión.
Madre mía, vaya meme 🤦🏽♂️ pic.twitter.com/W6dBhtrXqS
— Carles Tamayo (@TamayoStuff) September 22, 2022
видео: TWITTER Carles Tamayo