Поранешната градоначалничка на Арачиново, од редовите на СДСМ, Миликијa Халими на „Фејсбук“ се пофали дека се вработила во Царинската управа како инспектор во Сектор за контрола и истраги.
Од Царинската управа за „Фокус“ потврдуваат дека Халими е вработена на определено време, а на работното место е со средно образование.
Миликија Халими има заснован работен однос на определено време во Царинската управа од 01.10.2022 година, по спроведен јавен оглас за вработување на определено време, на работно место инспектор во Сектор за контрола и истраги, со средно образование согласно Правилникот за систематизација, велат од Царина за „Фокус“.
Инаку Халими, спред нејзината официјална биографија има завршено средно образование во Медицинскиот центар во Тетово, Никола Штејн, а потоа се запишала на Педагошкиот факултет, каде дипломирала во 2006 година.
Ниту нејзиното средно ниту високо образование не е соодветно за позицијата која ја има Халими а за која има добиено и полициско овластување кое не би требало да го има според процедурите во институцијата, тврдат извори во Царина за „Експрес“.
Предходно и поранешниот градоначалник на Вевчани од СДСМ, кој беше работник за надгробни споменици, стана инспектор во МВР Охрид.
извор: Република
фото: Република