Лефков до Ковачевски: Кои фирми профитираат од енергетската криза и дали фирми блиски до вас и фирми во вашето опкружување земаат државни тендери а се поврзани со секторот енергетика

На денешната седница во Собранието пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков постави три пратенички прашања, првото во однос на премиерот Ковачевски дали чувствува одговорност за хаваријата денес во Врбен додека декларативно се залага за надминување енергетската криза.

„Првото прашање господине Ковачевски бидејќи денеска овде во собрание настапивте со еден би рекол џебен вокабулар, уличарски, многу ниско, со навреди, со испади, најавивте една емоционална криза низ кој што минувате, ајде да поразговараме за вашата способност и неспособност. Дали знаете додека седите овде на пратенички прашања имате проблеми да си ги обезбедите министрите, дали знаете дека се случи хаварија на доводниот цевковод на хидроелектраната Врбен која е дел од Мавровскиот систем. Врбен не работи денеска а дотокот на вода на двете останати е намален. Штетите се проценуваат дека ќе бидат милионски. Дали знаете дека за жал ви пукаат цевки дали знаете за ова и дали осеќате одговорност затоа што сте дозволиле ова да ни се случува во време кога декларативно се залагате дека ќе ја надминувате енергетската криза“ праша Лефков

Второто прашање на пратеникот Лефков беше до Љупчо Николовски во однос на Љупчо Николовски дали чувствува одговорност поради прекршување на кодексот и дали размислува да си даде оставка заради тоа што блиски фирми до Љупчо Николовски е дозволено да прават екстра профит со откуп на опожарен бор токму во време на енергетска криза.

„Второто прашање реков дека ќе е насочено кон Љупчо Николовски меѓутоа тој е отсутен ќе може да одговори заменикот Абдул Шукур, сакав да го прашам Љупчо Николовски дали чувствува одговорност поради прекршување на кодексот и дали размислува да си даде оставка заради тоа што блиски фирми до Љупчо Николовски е дозволено да прават екстра профит со откуп на опожарен бор токму во време на енергетска криза. Министерството за земјоделие го тресеше еден скандал кога одобрило извоз на техничко дрво десеттина дена пред владата да воведе забрана за извоз на огревно и необработено дрво. и тоа преку едната фирма во Смолари и една друга фирма во Брвеница. А сега имаме нов скандал дали знаете премиере дека додека граѓаните не можат да набават огревно дрво и огревното дрво достигнува цени од 4500 до 5000 денари Љупчо Николовски спротивно на кодексот овозможил за нему блиски лица да го откупуваат опожарениот бор за замислете од 300 -625 денари по метар кубен?“ прашува Лефков.

Третото прашање на пратеникот Лефков се однесуваше до премиерот Ковачевски за тоа кои фирми профитираат од енергетската криза во изминативе две до три години и дали има фирми блиски до премиерот фирми кои ги основал ,па ја промениле сопственоста, и дали има фирми во неговото опкружување кои земаат државни тендери а се поврзани со секторот енергетика.

„ Последното прашање до премиерот Ковачевски, вие рековте не можат личните интереси да бидат над државните ваш цитат и гледаме целосна неспособност кога станува збор за државните компании кои што се од областа на енергетиката. Третото прашање е конкретно и јасно господине Ковачевски кои фирми профитираат од енергетската криза во изминативе две до три години и дали има фирми блиски до вас фирми кои сте ги основале, па сте ја промениле сопственоста, дали има фирми во вашето опкружување кои земаат државни тендери а се поврзани со секторот енергетика“ праша Лефков.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ