Генералот Ѓурчиновски објасни како се запалило неговото возило на Косово

Пред неколку дена началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски доживеа несреќа откако неговото возило во движење се запали во Косово.

Тој вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 објасни како дошло до пожарот.

Во непосредна близина на Приштина, во движење се запали возилото, но за среќа со брза интервенција на обезбедувањето и придружбата брзо беше локализиран пожарот, вели Ѓурчиновски.

Началникот додава дека за среќа нема повредени лица, а и материјалната штета е мала.

извор: ТВ 21