Убавата Брена одби да ја продаде својата вила во Мајами, на Викторија и Дејвид Бекам. Како што дознава Курир, агентите за недвижности на светски познатиот брачен пар пред неколку години имале желба да ја продадат куќата на пејачката во Америка. Немаше соработка бидејќи за семејството Живојиновиќ овој имот нема вредност, а посебно против тоа беше сопругот на Брена, Слободан Боба Живојиновиќ.
– Викторија и Дејвид Бекам ги овластиле своите агенти да купуваат недвижен имот во нивно име на атрактивни локации во Мајами. Една од тие што им паднала во очи е вилата на поранешниот сопственик на „Гранд“. Немаше соработка бидејќи тогаш обезбедувањето кое се грижи за куќата на Брена и Боба им кажа на агентите дека не се продава. Инаку, на ова најмногу се спротивстави Боба, кој е приврзан за тој имот и сака да го има затоа што често оди во Мајами или поради деловни обврски или на одмор. Во Америка е сосема нормално агентите да бараат од сопствениците на недвижности да продадат куќа без рекламирање и да дадат понуда одобрена од нивните клиенти. Како што слушнав, Бекамците на крајот купиле еден од имотите во сопственост на покојниот дизајнер Ѓани Версаќе – вели нашиот извор близок до семејството Живојиновиќ.
Инаку, куќата на Лепа Брена во Мајами, според медиумите, вреди повеќе од милион долари. Имотот има 400 метри квадратни и се наоѓа на самиот брег. Има двор со базен. Кога станува збор за оваа атрактивна локација во Мајами, соседи на Брена се Ивана Берендика, поранешна членка на групата Моделс и сопруга на Томас Јермолук, еден од основачите на „Гугл“, потоа поранешниот кошаркар Марко Јариќ и многу други.
kurir.rs