Земјотрес со јачина од 4,8 степени во југозападна Турција

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на турската провинција Мугла во југозападна Турција, јави турската приватна телевизија CNN-Turk, повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според податоците на сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул, земјотресот бил со јачина од 4,6 степени и се случил во 14 часот и 8 минути по локално и бугарско време.

Епицентарот на земјотресот бил во атарот на селото Којчегиз, на длабочина од 5 километри под површината на земјата.

фото: Архива