Кувајтскиот престолонаследник шеикот Мешал ал-Ахмед ал-Сабах денес ја прифати оставката на кувајтската Влада по два месеца од нејзиното формирање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот, шеикот Ахмад Наваф ал-Сабах, ја достави оставката на својата Влада, а престолонаследникот ја прифати и побара од Владата извесен период да остане на должност, објави државната новинска агенција КУНА.
Оставката на Владата дојде по парламентарните избори одржани на 29 септември на кои опозициските кандидати остварија значителен резултат.
На почетокот на август, шеикот Ахмед беше назначен за премиер на 40-тата Влада во историјата на заливската земја.
Главната задача на Владата беше да се подготви за изборите по кралскиот декрет од 22 јули за распуштање на кувајтскиот Парламент.
Кувајтските опозициски групи, според официјалните резултати, обезбедија речиси 60 отсто од местата во Народното собрание, кое брои 50 пратенички места.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото:Агенција Анадолија (АА).