Жена повредена во сообраќајка на паркинг во Скопје во која учествувало и украинско дипломатско возило

0
275

Вчераво 15 часот пријавено е дека во Скопје на паркинг пред маркет на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од И.И.(50) од Украина, патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Ѓ.(35) од Скопје и пешакот Д.А.(63) од Скопје.

Како што соопшти МВР, во незгодата со повреди се здобила Д.А. констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.

извор:МВР