Home ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ (ФОТО) Мајка со дете и украден автомобил влетала во тазе поставен бетон

(ФОТО) Мајка со дете и украден автомобил влетала во тазе поставен бетон

0
339

Во извештајот од Лејквуд, државата Вашингтон, на околу 40 километри од Сиетл, се вели дека една жена украла Mini Cooper Countryman и заглавила во свеж бетон кратко време по кражбата.

Автомобилот бил заглавен, па крадачката решила да го напушти возилото. Според полицискиот извештај врз основа на изјави на очевидци, таа земала голем број предмети и детето кое цело време било со неа.

Градските власти одговорија со објава на Твитер: „Благодарение на низата лоши одлуки на поединец, вклучително и возење украден автомобил со шише виски во рака, бетонското излевање на кружниот тек е задоцнето“.

Неименуваната 32-годишна жена побегнала и со телевизорот, а благодарение на невниманието брзо била фатена и лишена од слобода. Полицијата го примила повикот нешто пред 2 часот по полноќ, а осомничената била лоцирана од градски инспектор кој ја следел и во исто време се јавил на 911.

Полицијата потоа објави фотографии од епилогот од влетувањето на автомобилот во свежиот бетон. Автомобилот морало да биде темелно исчистен и сервисиран. Имено, потонало во бетонот до вратата, па жената го напуштила возилото низ прозорецот.

Како што пренесува Q13Fox, осомничената го украла автомобилот и работите на нејзината мајка. Таа е обвинета за невнимателно возење и оштетување туѓ имот, заедно со две пријави за насилство и за возење под дејство на забранети материи. Според достапните коментари, осомничената го зела детето против негова волја.