Адријан Гаџа и’ купи џип на својата мајка

0
308

Поп пејачот Адријан Гаџа и неговиот брат Дритон Гаџа на нивната мајка и подарија џип.

Адријан објави фотографија на социјалните мрежи и откри дека тој и неговиот брат виолинистот Дритон Гаџа заедно го купиле подарокот за нивната мајка, Сузана.

„Еден подарок од твоите синови, мамо, заслужуваш многу повеќе од она што можеме да ти дадеме“, напиша Гаџа.

Станува збор за џип од марката Сузуки Џимни кој чини над 20 илијади евра.

Адријан веќе некое време има свој ресторан и често на социјалните мрежи споделува фотографии од таму.

 

 

info.mk