Нов вандализам и кражба на спомен-обележјата во градот. Искорната и украдена е бистата на младата хероина Невена Георгиева – Дуња која се наоѓаше во дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода. Постаментот е оштетен а искршени се и плочките на коишто беше поставена бистата.
Бистата на хероината од Народноослободителната војна Невена Георгиева – Дуња беше поставена во декември 2019 година, по повод на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на ова основно училиште. Се работеше за нова биста откако претходната беше, исто така, украдена во 2016 година.
Неодамна, претседателот на државата Стево Пендаровски додели постхумно одликување за Невена Георгиева – Дуња коешто го примија членовите на нејзиното семејство.
фото: Република