Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов и официјално нема да биде пратеник во 48. Народно собрание, јави бугарски „24 Часа“.
Тој поднесе оставка до Централната изборна комисија (ЦИК), со што се откажува од пратеничката фотелја. Оставката е одобрена од ЦИК.
Бојко Борисов е избран за претставник од два региона – Софија и Пловдив.
Потсетуваме, Борисов се откажа од пратеничкото место и по изборите во ноември 2021 година, како и во претходните два парламента.
Извор: „24 Часа“.