Викендов општина Велес е претесна за да ги собере гостите кои дојдоа на годинешната „Питијада 2022“. Организаторот на настанот предвиде три дена музичка програма за сечиј вкус, многу пити, вино и пиво.
На синоќешниот прв ден свои настапи имаа Миле Кузмановски, ДНК и Нокаут до доцните часови, кои атмосферата ја подгреаа до максимум.
На вториот ден од „Питијадата“ гостите и велешани ќе ги забавуваат, младите од „Дајте музика“, Фолтин, Каролина Гочева, Наум Петрески и Зујца Лазова.
Завршниот ден од годинешната Питијада ќе биде резервиран за Сузана Спасовска, Лозано и Љубојна.