В сабота кон недела на полноќ (27 кон 28 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад.
Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во март 2013 година.
Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.
Имајќи предвид дека веќе почна да се стемнува во 18 часот, со воведувањето на зимското сметање на времето на крајот од идниот месец, темно ќе биде уште пред 17 часот.
Европскиот парламент во март 2019 година изгласа укинување на сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот сè уште нема донесено финална одлука за тоа.
Преминувањето од зимско на летно сметање на времето е воведено со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен.
фото: Архива