Градоначалникот Кирил Пецаков го враќа сјајот на водните спортови во Охрид. Како дел од напорите за заживување и подобра организација на Охридскиот пливачки маратон, следната година на крајот од месец август, се планира да се одржи Фестивал на водните спортови кој ќе финишира токму со пливачкиот маратон.
– Размислуваме за еден “Ohrid water festival” кој што би сакал да го најавам, а би се одржал на крај на август, цел една недела ќе е посветена на водните спортови, без разлика дали ќе е на базен или во езеро, дали ќе се регати, пливачки маратони или акватлон, а круна на сиот тој настан би бил Охридскиот пливачки маратон. Такво нешто не постои во регионот и ако успееме да го направиме и да го организираме на високо ниво ќе привлечеме поголем број на гости и спортисти, и сите ќе бидеме горди на еден таков настан. Едноставно лека полека да го вратиме сјајот на водните спортови во Охрид, рече градоначалникот Пецаков на вчерашната седница на Советот на општина Охрид.
фото: Архива