Лебот и млекото повторно ќе поскапат и покрај замрзнатите маржи?

Лебот и млекото повторно ќе поскапат. И покрај замрзнатите маржи, цените на основните продукти и натаму ќе одат нагоре. Од мелничко-пекарската индустрија во телефонски разговор за Сител велат дека ќе чекаат конкретни мерки од Владата до среда. Доколку не добијат помош, лебот и пекарските производи би поскапеле за најмалку 10%. Како главна основа за новите цени ги наведоа екстремно скапите енергенси, објави Сител.

Од истата причина и преработувачите на млеко веќе најавија дека до крајот на следниот месец, млекото и млечните прозиводи ќе поскапат за 20%. Производителите, пак, се чувствуваат оштетени.

Производителите бараат откупната цена на млекото да биде половина од продажната во маркетите. Доколку тоа барање не им се исполни, од следниот месец ќе прекинат да го даваат млекото на преработувачите.

Текстот во целост на: Сител