Силен земјотрес во Грција

Силен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа е регистриран во Грција. Епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од 26 километри од градот Амфисас, главниот град на префектурата Фокис во Грција.

Сè уште нема инфомации за евентуални повредени или направена материјална штета.

 

фото: Архива