Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост за големата трагедија во Цетиње

0
298

Владата на Црна Гора вечерва прогласи тридневна жалост за големата трагедија што денеска се случи во Цетиње.

Оваа информација ја објави премиерот Дритан Абазовиќ на својот Телеграм канал. Во населбата Медовина во Цетиње, во близина на Владата, загинаа 11 лица, а шестмина се повредени, меѓу кои и припадник на полицијата, потврдија од Управата на полицијата на Црна Гора.

Во ужасниот масакр на Цетиње во Црна Гора загинаа 11 лица, меѓу кои и напаѓачот (34), потврди Побједа.

Се започна како семеен конфликт, а медиумите пишуваат дека убиениот напаѓач е Вук Бориловиќ (34).Шест лица се ранети, меѓу кои и еден полицаец. Мажот наводно пукал и во децата.

ПорталАналитика пишува дека блокирал амбулантно возило кое се обидувало да му помогне на еден од повредените.

фото: Архива