Под влијание на влажен и студен воздушен бран од север и од северозапад, до крајот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде облачно и значително постудено со врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат обилни, па така локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. На планините, и тоа особено во западните и во северозападните предели со надморска височина од над 1100-1200 метри ќе има врнежи од снег.
На планините исто така очекуваме формирање на снежна покривка со висина од 5 до 10 cм, понекаде и до 15 cм, а на повисоките планини таа би можела да биде и поголема.
Локално врнежите исто така ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност.
Што се однесува до температурите за денешниот ден, тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени, пишува во својата анализа метеопрогнозерот Славчо Попоски.