Сител: Почната постапка за ново бугарско здружение, овој пат со седиште во Богданци

0
357

Почната е постапката за регистрација и на третото бугарско здружение со назив „Цар Фердинанд“ со седиште во Богданци. Сител од свои извори дознава дека во Централниот Регистар веќе се разгледуваат поднесените документи од барателот. И во овој случај подносителот обезбедедил согласност од поранешниот бугарски премиер Симеон Саксобурготски како член на семејството и потомок на Царот Фердинанд. Од Централниот регистар засега нема одговор кој е поднеосител на барањето за регистрација на вакво здружение, објави Сител.

Премиерот пак не слушнал дека во постапка е регистрација третото бугарско здружение. Но веќе го осудија отворањето на здруженијата во Битола и Охрид и го оценија како провокација.

Текстот во целост на: Сител.