Вучиќ: Во 1999 година Унгарија требаше да ја нападне Србија по копно, Орбан ми го потврди тоа

Вие не го знаевте ова. Во 1999 година Унгарија требаше да ја нападне Србија по копно, Орбан ми го потврди тоа, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според неговите кажувања, германскиот канцелар Герхард Шредер му помогнал на Орбан да се спротивстави на притисокот, а Маргарет Тачер му рекла дека повеќе британски војници ќе загинат поради одлуката на Орбан.

Франција и Германија нуделе опција Србија да добие брз влез во ЕУ, но да дозволи Косово да влезе во меѓународните организации и во ОН.

извор: Република