Нуркач од Македонија загина на хрватскиот остров Вис

0
311

Граѓанин на Македонија почина откако му се слошило додека нуркал во вторникот во областа Бриони кај Вис.

Како што пишуваат хрватските медиуми, веднаш била испратена брза помош за да интервенира, но нуркачот веќе починал.

Областа Бриони кај Вис е една од најатрактивните области за нуркање на Јадранското Море, а тука доаѓаат многу нуркачки ентузијасти од странство.

фото: Архива