Кардиолог на работа, а после работа голем вљубеник во бодибилдинг

0
408

Александар Стојменов од Штип е доктор кардиолог, но и вљубеник во бодибилдингот. Тој во слободно време тренира интензивно, а оди дури и на натпреварувања од овој тип.

Но, сега на неговиот Инстаграм профил, на кој има повеќе од 9.000 следбеници, се огласи и отворено кажа со какви кометари и стереотипи се соочува.

Вели дека неговата цел е токму тоа – да спречи предрасуди и порачува дека ако е доктор, не значи дека не му е дозволено да има хоби.

Деновиве добив огромна поддршка,која не ја очекував и сум преблагодарен од дното на срцето,на сите кои дојдоа да се сликаат,да се запознаат,сите кои дадоа мислење,енергија и поддршка за она што случајно излезе во неделата…
Меѓутоа,исто така слушам и такви(како оние од погоре) прашања, од кои не знам дали да плачам или да се смеам…
Значи на секого му личи сѐ, ако сум доктор,не значи дека не треба да имам хоби,не значи дека не смеам да имам развиена мускулатура, не значи дека треба да имам било каква бариера. Било кој физички атрибут не ме прави полош или подобар доктор,до комплексот на оние на кои им смета е проблемот…
Спортот како спорт е нешто кое се обидувам да го претставам како уметност,да бидам жив доказ дека човек со професија може да гради тело,а во случајов и да надмине сериозна повреда. Секој спорт е уметност. Кога публиката гледа бокс,познавачите гледаат шах. Борењето,каратето исто така и секој спорт во основа е уметност, елеганција во спој со атлетицизам и сила и издржливост!
Зошто јавно? Затоа што има луѓе на кои сме им потребни,луѓе кои се мотивираат од нашите примери и се хранат со позитива, за да доближиме и покажеме нешто во вистинско светло и за да разбиеме стереотипи!!!
Што ќе речат луѓето? Оние кои “сакаат да речат” ќе си речат секако,тие си бараат негатива во сѐ,како мувата гомно во најубава цветна ливада…само дајте им денес малку повеќе материјал ,за да речат нешто повеќе😉, вели докторот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Stojmenov (@dr_stojmenov)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Stojmenov (@dr_stojmenov)

crnobelo.com