Србија може да го изгуби безвизниот режим со ЕУ

Србија го ризикува безвизниот режим со ЕУ доколку не го намали приливот на мигранти од трети земји кои патуваат без визи на нејзината територија, а потоа кон ЕУ, тврдат европски дипломатски извори пред состанокот на министрите за внатрешни работи во Луксембург, јави РТС.

Министрите за внатрешни работи денеска ќе разговараат за мерките за одговор на значителното зголемување на приливот на мигранти кои влегуваат во земјите на ЕУ преку Западен Балкан.

-Очекувам Србија и другите во регионот да соработуваат и да се усогласат со визната политика на ЕУ. Иницирањето на суспензија на безвизниот режим не е исклучено како опција, но се надевам пред се на добра соработка, изјави во Луксембург еврокомесарката за внатрешна Работи Јилва Јохансон.

24info.mk