(ФОТО) Петар и Хана заедно со малата Алба ужуваа во Ровињ

„Поминуваме помалку време заедно отколку што би сакал бидејќи оваа сезона е навистина преполна со концерти кои беа договорени минатата година и беа преместени за ова лето поради корона вирусот. Затоа ми се уште поскапоцени моментите со моето семејство. Среќен сум што сум благословен со улогата на родител“, изјави неодамна познатиот пејач Петар Грашо за познатиот неделник „Стори“, а денеска е виден како ги поминува тие драгоцени моменти со своето семејство во Ровињ.

Ровињ отсекогаш бил град кој нудел мир на сите, па не е ни чудо што Грашо со сопругата Хана и ќерката Алба го избрале овој град за одмор.

 

Да потсетиме, Петар неодамна ги забавуваше граѓаните и гостите на Ровињ на концерт одржан по повод прославата на Ровињската ноќ, а сега во приватен аранжман го избра Ровињ за одмор со своите најблиски.

 

/istrain.hr