Грција се издвојува на глобално ниво со екстремно високите воени трошоци и амбициозната програма за вооружување и во време на вртоглавото зголемување на цените на енергијата и сериозниот пад на европската економија.
Трошоците за одбрана во однос на бруто домашниот производ (БДП) на земјата се зголемија на 3,76% заклучно со 2022 година – од 2,45% во 2019 година – кога конзервативната влада на Нова демократија (НД) ја презеде власта од левичарската Сириза. Овој процрнт на трошоци за одбрана е повисок дури и од САД.
Следствено, трошоците за одбрана на Грција се искачија на околу 8,4 милијарди долари во 2022 година, од 5 милијарди долари во 2019 година, што укажува на неверојатен пораст од над 60%.
Односно, трошоците за одбрана на Грција по лице изнесуваат неверојатни 730 долари од 2022 година. Споредено, уделот на трошоците за одбрана во споредба со БДП на Туркије се прогнозира да биде околу 1,22%. Тоа значи дека трошоците за одбрана во Туркије по лице се само 166 долари.
Она што е забележливо е дека над 45 отсто од огромниот буџет за одбрана на Атина се распределува за нови набавки на оружје.
macedonian.trtbalkan.com