Ердоган: „Бројот на загинати во рударската несреќа се искачи на 41“

0
187

Бројот на рудари кои загинаа во експлозијата во рудникот за јаглен во северна Туркије се зголеми на 41, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган рече дека сите рудари кои претходно беа заробени под земја во рудникот во Амасра, во црноморската област Бартин, се извлечени од тимовите за пребарување и спасување.

Вкупно 11 ранети работници се на лекување во болниците.

„Туркије ги мобилизира сите свои институции по експлозијата во рудникот за јаглен“, истакна турскиот претседател и изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите.

Тој рече дека моментално во тек е истрагата за несреќата и нагласи: „Веќе не сакаме да гледаме никакви недостатоци или непотребни ризици во нашите рудници.“

Туркије ги прави сите неопходни напори да ги „закопаме рударските несреќи во историјата“ со „користење на сите можности што ги нуди технологијата“, истакна турскиот претседател.

„На состанокот на нашиот Кабинет, веднаш ќе ја утврдиме помошта и поддршката што треба да ја дадеме како држава и ќе ги преземеме соодветните чекори“, додаде Ердоган.

Тој ја откажа планираната посета на источната област Дијарбакир и замина за Амасра.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).