(ФОТО) Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден, напиша Лила во роденденската објава

0
251

Синоќа нашата позната Тв водителка Лила Филиповска го прослави својот 51 роденден. Во одбрано друштво таа прославата ја имаше во еден скопски локал, при што во објавата на социјалните мрежи таа напиша:

Вечерва облеков фустан во бела боја…вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден , да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив ! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден…овој ден е мојот роденден, напиша Лила во објавата на нејзиниот роденден и сподели фотографии.

 

foto Instagram