Премиерот Димитар Ковачевски, вчера во Лешочкиот манастир, присуствуваше на богослужба пред денешната канонизација за светител на игуменот лешочки и народен просветител Кирил Пејчиновиќ.
„Со огромна чест и задоволство денеска во Лешочкиот манастир присуствував на Воскресната вечерна богослужба на Македонската православна црква-Охридска архиепископија пред утрешната канонизација за светител на игуменот лешочки и народен просветител Кирил Пејчиновиќ како Свети Преподобен Кирил Лешочки“, напиша Ковачевски.
Тој истакна: „Преподобниот Кирил Пејчиновиќ е од суштинско значење за македонското православие и за македонската култура воопшто, неговите дела изразени преку неуморна работа за просвета во преродбенскиот период имаат огромен прилог во просветувањето и просветлувањето на нашиот народ“.
frontline.mk