Топланата Скопје -Север има гас само за следните три дена, ЕСМ не му дава пари поради долгови од минатата грејна сезона

ЕСМ нема да му даде пари на претпријатието поради долгови од минатата грејна сезона. Директорот Куштрим Рамадани одново ги повика надлежните да изнајдат начин да помогнат бидејќи гас има само за следните 3 дена, објави Република . 

Вели дека до крајот на март на располагање имаат 1 милион евра за набавка на енергенси но со сегашните цени на берза претпоставките се дека трошоците би се зголемиле најмалку двојно.

„Цените на горивото беа многу високи а согласно одлуката на Регулаторна ние фактуриравме и фактурираме со пониски цени. Ние плаќаме 120 а продаваме за 60 денари така што на ваков начин системот е неодржлив. Излегоа во пресрет господата од Промгас и плативме за неколку дена, колку што имавме. Ги убедивме два пати веќе но трет пат нема да има.“- Куштрим Рамадани, директор на Скопје – Север АД.

 

извор: Република