Општините во септември заштедиле 29 отсто струја, Арачиново со најголема потрошувачка

Општините за вкупно 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, споредено со истиот месец претходната година, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што рече Бектеши, презентирајќи ја анализата за рационална потрошувачка, од 81 општина, 25 не постигнале заштеда од 15 отсто, а останатите 56 општини успеале да направат заштеда поголема од 15 отсто.

Притоа, најмногу отстапува Арачиново со значително поголема потрошувачка отколку септември минатата година.

-Најмногу со поголема потрошувачка отстапуваат Арачиново, Гостивар и Свети Николе. Останатите што не ја постигнале заштедата од 15 отсто се во ранг од 40 до 13 отсто, информира Бектеши.

фото: Архива