(ФОТО) Незадоволството огромно „Сите сме гладни“ – Автобусите на ЈСП се паркираа пред Владата

Вработените во ЈСП денеска го почнаа протестот пред Владата и пред другите институции поради неисплакање на септемвриската плата.
Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП вчера најави дека ќе штрајкуваат сѐ додека не се реализира ветеното, но вработените нема да ја прекинуваат работата, овјави Република . 

Привршуваат антитерористичките проверки на автобусите на ЈСП откако утрово беше примена дојава за бомба, а вработените со автобусите од Автокоманда се префрлаат пред Владата. Утрово тие излегоа пред дирекцијата на претпријатието во Автокоманда и порачаа: „Сите сме гладни“.

-Aко денеска не добиеме плати утре во 16.30 ќе дојдеме со нашите семејства на протест. Сите сме гладни не може да си ги вршиме своите обврски и сите задно ќе бидеме за да го изразиме револтот од политичките партии и се надевам дека денеска ќе седнат и ќе се договорат, изјави денеска Миќо Стојановски од синдикатот на ССМ при ЈСП.

По проверките на Единицата за антитероризам и по штрајкот автобусите се враќаат на редовните линии.

Вработените во ЈСП „Скопје“ за МИА изјавија дека утрово е забранет влезот во кругот на претпријатието во населбата Автокоманада и оти во дирекција има зајакнати контроли. Автобусите, како што велат, се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за рачна момба. Известувањето било пратено синоќа по е-маил на претпријатието.

Од МВР информираат дека денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП „Скопје“. по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП „Скопје“.

Ј.И. од неговиот меил на службениот меил на ЈСП „Скопје“ и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП „Скопје“ со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денеска за време на протестите, се вели во соопштението.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вчера оцени дека станува збор за сериозен долг и најави дека автобусите на ЈСП „ќе бидат пред Владата и другите институции додека не бидат подмирени долговите кон ова јавно претпријатие“.

Автобусите на ЈСП ќе возат до оној момент додека можат. Она што е наша услуга ние ќе се обидеме доследно до последниот момент да го испорачаме до граѓаните. Автобусите кои нема да сообраќаат, ќе останат пред Владата и ќе ги ставиме пред сите институции до моментот додека не си ги исполнат своите обврски – рече Арсовска.

Од Владата, пак, ги отфрлија обвинувањата за каков било долг кон Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

 

извор: Република