Сѐ уште не е донесена одлука за барањето да се изземе обвинителот во предметот за случајот „27 април“. Апелациониот суд ја очекува одлуката на Советот на јавни обвинители за изземање на Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и Вишото јавно обвинителство од случајот “27 април”. Ова барање доаѓа од адвокатот на обвинетиот Владимир Атанасовски кој достави докази дека кон неговиот клиент се постапувало незаконски.
Затоа, Апостолски, покрај барањето за изземање побара и случајот да го преземе обвинител од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Моментално трае паузата во Апелациониот суд, а по добивањето на одлуката на Советот јавната расправа треба да продолжи.