И приватниците ќе ги паркираат автобусите ако денес не им се исплати долгот од милион евра

0
142

Над еден милион евра им должи Град Скопје на приватните превозници. Од „Слобода превоз“ и „Макеспрес“ за „Сакам да кажам“ велат дека три месеци не им се дадени пари, а веќе три недели не им се исплаќаат ниту неделните аванси. На „Слобода превоз“ му се должат 45 милиони денари, а на „Макеспрес“ 25 милиони денари.

-Чекаме да видиме на денешната седница дали ќе бидат предвидени пари и за нас. Не може на ЈСП Скопје да им се дадат пари само за нивните плати, мора да има и за нас во спротивно и ние нема да возиме. На ЈСП им се касни три дена, а нас ни каснат три месеци, вели Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

Милорад Димитриевски еден од сопствениците на „Макеспрес“ вели дека тие и во моментов не возат со сите автобуси оти немаат пари да стават нафта.

 

извор: „Сакам да кажам