Ана Бекута почна да живее заедно со бившата жена на Мрка

Фолк-пејачката Ана Бекута и Даша, поранешната жена на Милутин Мркоњиќ Мрка, почнаа да живеат заедно една година по неговата смрт. Во јавноста отсекогаш се знаеѓе дека двете жени се во добри односи, но смртта на познатиот политичар дополнително ги зближи.

Според весникот „Блиц“, Ана чувствувала потреба да ѝ помогне на Даша во загубата што и двете ја чувствуваат, па затоа ја повикала да живеат заедно. Иако Даша прво одбивала, откако ѝ се влошила здравствената состојба сепак прифатила да се пресели во станот што Ана го делеше со Мрка.

„Даша сега живее со Бекута. На Ана ѝ беше жал што Даша нема никого, а по смртта на Милутин не ѝ беше добро и ѝ требаше помош. Бидејќи остана сама, ја покани кај неа, а Даша ја прифати понудата. Тие веќе некое време живеат заедно, и Даша сега е многу подобра. Таа не излегува често, но Ана има голема тераса полна со зеленило, па Даша често престојува таму. Бекута се грижи ништо да не пропушти, редовно ја носи на лекарски прегледи. Неколку пати заедно излегле и на шопинг за да може Даша да се прошета, а на гробот на Мрка редовно одат заедно. Внуката на Ана, Соња, сега живее во станот на Даша“, рекол изворот близок до Бекута за весникот „Блиц“ и открил дека Даша ѝ го препишала станот на внуката на Ана.

 

blic.rs